Достапни линкови

Избори за градоначалник на град Скопје и на 32 општини

Гласањето во вториот круг заврши, се одвиваше главно без посериозни проблеми

Одзивот беше нешто над 41 отсто

Нов градоначалник на Скопје ќе биде Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, партија со најмногу освоени градоначалнички места

Коалицијата ВЛЕН, која е владин партнер, победи во Тетово и во повеќе други општини со мнозинско албанско население

09:34 2.11.2025

ФОТОГАЛЕРИЈА: Втор круг локални избори

Втор круг локални избори, се избираат 33-ца градоначалници

Втор круг локални избори, 02.11.2025
1/9 Втор круг локални избори, 02.11.2025
Покажи повеќе Show less
Гласањето во вториот круг започна во 7 часот и ќе трае до 19 часот
2/9 Гласањето во вториот круг започна во 7 часот и ќе трае до 19 часот
Покажи повеќе Show less
Се гласа за 32 градоначалници, плус за градоначалник на Скопје
3/9 Се гласа за 32 градоначалници, плус за градоначалник на Скопје
Покажи повеќе Show less
Втор круг се одржува онаму каде што ниту еден од кандидатите не освои 50% плус еден глас од вкупниот број гласови
4/9 Втор круг се одржува онаму каде што ниту еден од кандидатите не освои 50% плус еден глас од вкупниот број гласови
Покажи повеќе Show less
На гласачките ливчиња се наоѓаат двајцата најдобропласирани од првиот круг
5/9 На гласачките ливчиња се наоѓаат двајцата најдобропласирани од првиот круг
Покажи повеќе Show less
Во овој втор круг нема цензус, односно, ќе биде избран оној кандидат кој ќе освои повеќе гласови
6/9 Во овој втор круг нема цензус, односно, ќе биде избран оној кандидат кој ќе освои повеќе гласови
Покажи повеќе Show less
Се гласа со лична карта или пасош
7/9 Се гласа со лична карта или пасош
Покажи повеќе Show less
Во вториот круг, право на глас за Градот Скопје имаат 474 304 избирачи регистрирани во избирачкиот список кои ќе гласаат на 685 гласачки места.
8/9 Во вториот круг, право на глас за Градот Скопје имаат 474 304 избирачи регистрирани во избирачкиот список кои ќе гласаат на 685 гласачки места.
Покажи повеќе Show less
Во овој втор круг нема цензус, односно, ќе биде избран оној кандидат кој ќе освои повеќе гласови
9/9 Во овој втор круг нема цензус, односно, ќе биде избран оној кандидат кој ќе освои повеќе гласови
Покажи повеќе Show less
Previous slide
Next slide
09:55 2.11.2025

ДИК - Одзивот до 9 часот е 2.88%

Сите изборачки места се навреме отворени, а гласањето тече во најдобар ред и без проблеми, соопшти Државната изборна комисија (ДИК) на првата прес-конференција на вториот круг од локалните избори за градоначалници.
Поради технички проблеми со уредот за биометриска идентификација имало мал застој во гласањето на избирачкото место 0385 во Дојран, но проблемот е решен и сега гласањето тече без проблем, уверуваат од ДИК.

Претседателот на ДИК, Борис Кондарко информираше дека до 9 часот гласале 22379 избирачи или 2,88 отсто.
Ова е мало намалување во споредба со првиот круг кога излезноста на ниво на државата до 9 часот изнесуваше 3, 05 проценти.
Кондарко најави дека претставници на ДИК ќе посетат некои избирачки места во текот на избрниот ден, како и по затворањето на гласачките кутии.

10:03 2.11.2025

Излези и гласај, твојот глас одлучува!

Твојот глас одлучува, излези и гласај!
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:40 0:00
10:29 2.11.2025

Акредитирани 1622 домашни и странски набљудувачи

Вториот круг од локалните избори, во кои треба да се изберат градоначалници во 32 општини и Градот Скопје, ќе го следат вкупно 1 622 акредитирани набљудувачи, од кои 957 се домашни, а 621 меѓународни, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).

Од меѓународните организации, најмногу набљудувачи има акредитирано ОДИХР – Канцеларија за демократски институции и човекови права – 500.

За изборите ќе известуваат и 14 странски новинари.

Вчитај повеќе

​
XS
SM
MD
LG