Достапни линкови

Невремето предизвика хаос во Скопје

Невреме во Скопје
Невреме во Скопје

Поплавени улици, паркинзи, подруми, многу откорнати дрвја, паднати билборди и луѓе заглавени во своите автомобили остави зад себе невремето кое го зафати главниот град. Градоначалничката Арсовска свика итен кризен штаб. Екипите на ЦУК се на терен, засега нема информации за настанатите штети.

Хаос во Скопје предизвика невремето кое го зафати градот и околината во попладневните часови.

Поплавени улици, паркинзи, подруми, гаражи, многу искршени дрвја и билборди, но и заглавени луѓе во своите автомобили - ваква е сликата во главниот град по невремето кое беше проследено со пороен дожд, град, грмотевици и ветер.

Четири автомобили од кои во еден се наоѓале и деца останале блокирани кај кружниот тек кај хотелот Континентал, a уште 15 лица биле заглавени во своите возила кај стоковната куќа Мост.

На двете локации биле испратени припадници на противпожарната бригада и брзата помош, но на патот едно од возилата на брзата помош заглавило во поплавениот коловоз на подвозникот на Стоковна куќа „Мост“, кој бил полн со вода.

Силно невреме во Скопје и скопско

Поплавени улици во централното подрачје на Скопје
1/20 Поплавени улици во централното подрачје на Скопје
Покажи повеќе Show less
Скопје, 30 август 2022
2/20 Скопје, 30 август 2022
Покажи повеќе Show less
Откорнати дрвја во скопски Аеродром
3/20 Откорнати дрвја во скопски Аеродром
Покажи повеќе Show less
На неколку локации во Скопје има автомобили заглавени во поплавените улици
4/20 На неколку локации во Скопје има автомобили заглавени во поплавените улици
Покажи повеќе Show less
Невремето во Скопје беше проследено со силен дожд и град
5/20 Невремето во Скопје беше проследено со силен дожд и град
Покажи повеќе Show less
Има информации од Скопско за поплавени улици, паркинзи, подруми, гаражи, паднати покриви од згради, паднати билборди, многу искршени дрвја кои паднале и врз автомобили и слични случаи предизвикани од невремето…
6/20 Има информации од Скопско за поплавени улици, паркинзи, подруми, гаражи, паднати покриви од згради, паднати билборди, многу искршени дрвја кои паднале и врз автомобили и слични случаи предизвикани од невремето…
Покажи повеќе Show less
Од службата за итна медицинска помош велат дека добиле пријави за повредени граѓани, но оти не станува збор за посериозни повреди.
7/20 Од службата за итна медицинска помош велат дека добиле пријави за повредени граѓани, но оти не станува збор за посериозни повреди.
Покажи повеќе Show less
Од Центарот за управување со кризи информираат дека на телефонот 112 граѓаните може да пријавуваат паднати дрва, откорнати кровови, заглавени возила, поплавени простории
8/20 Од Центарот за управување со кризи информираат дека на телефонот 112 граѓаните може да пријавуваат паднати дрва, откорнати кровови, заглавени возила, поплавени простории
Покажи повеќе Show less
Невремето во Скопје беше проследено и со и врнежи од град
9/20 Невремето во Скопје беше проследено и со и врнежи од град
Покажи повеќе Show less
На неколку локации полицијата интервенираше во одглавување на автомобили и патници заглавени во возилата на поплавените улици
10/20 На неколку локации полицијата интервенираше во одглавување на автомобили и патници заглавени во возилата на поплавените улици
Покажи повеќе Show less
На неколку локации полицијата интервенираше во одглавување на автомобили и патници заглавени во возилата на поплавените улици
11/20 На неколку локации полицијата интервенираше во одглавување на автомобили и патници заглавени во возилата на поплавените улици
Покажи повеќе Show less
Од Градот Скопје соопштија дека по невремето кое го зафати градот Скопје, градоначалничката Данела Арсовска свикала итен состанок на Кризниот штаб на Град Скопје.
12/20 Од Градот Скопје соопштија дека по невремето кое го зафати градот Скопје, градоначалничката Данела Арсовска свикала итен состанок на Кризниот штаб на Град Скопје.
Покажи повеќе Show less
Од Центарот за управување со кризи велат дека до нив постојано пристигаат дојави и пријави од разни локации на градот.
13/20 Од Центарот за управување со кризи велат дека до нив постојано пристигаат дојави и пријави од разни локации на градот.
Покажи повеќе Show less
На телефонот 112 може да се пријавуваат паднати дрва, откорнати кровови, заглавени возила или поплавени простории, но апелираат дека граѓаните треба да имаат разбирање оти службите реагираат по приоритет.
14/20 На телефонот 112 може да се пријавуваат паднати дрва, откорнати кровови, заглавени возила или поплавени простории, но апелираат дека граѓаните треба да имаат разбирање оти службите реагираат по приоритет.
Покажи повеќе Show less
Поплавите на улиците го закочија скопскиот сообраќај
15/20 Поплавите на улиците го закочија скопскиот сообраќај
Покажи повеќе Show less
Има информации од Скопско за поплавени улици, паркинзи, подруми, гаражи, паднати покриви од згради, паднати билборди, многу искршени дрвја кои паднале и врз автомобили и слични случаи предизвикани од невремето…
16/20 Има информации од Скопско за поплавени улици, паркинзи, подруми, гаражи, паднати покриви од згради, паднати билборди, многу искршени дрвја кои паднале и врз автомобили и слични случаи предизвикани од невремето…
Покажи повеќе Show less
Освен Скопје, од невреме попладнево се зафатени и Штип, Велес, Демир Хисар, Свети Николе.
17/20 Освен Скопје, од невреме попладнево се зафатени и Штип, Велес, Демир Хисар, Свети Николе.
Покажи повеќе Show less
Има информации од Скопско за поплавени улици, паркинзи, подруми, гаражи, паднати покриви од згради, паднати билборди, многу искршени дрвја кои паднале и врз автомобили и слични случаи предизвикани од невремето…
18/20 Има информации од Скопско за поплавени улици, паркинзи, подруми, гаражи, паднати покриви од згради, паднати билборди, многу искршени дрвја кои паднале и врз автомобили и слични случаи предизвикани од невремето…
Покажи повеќе Show less
Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека ветер со брзина од 150 километри на час бил регистриран во Пелагонија, по интензивната нестабилност.
19/20 Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека ветер со брзина од 150 километри на час бил регистриран во Пелагонија, по интензивната нестабилност.
Покажи повеќе Show less
УХМР најави дека нестабилното време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе се задржи до петок, особено во попладенвните часови.
20/20 УХМР најави дека нестабилното време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе се задржи до петок, особено во попладенвните часови.
Покажи повеќе Show less
Previous slide
Next slide

Полициски службеници во координација со другите институции ги извлекуваат заглавените возила.

Интервенира и службата за итна медицинска помош, од каде велат имале пријави за повредени граѓани, но и оти станувало збор за полесни повреди.

На социјалните мрежи пак, граѓани објавија видео снимки на кои се гледа како водата навлегла и во подрумските простории на Градскиот трговски центар, како и во „Ист гејт мол“, чиешто приземје било целосно поплавено.

Градоначалничката свика итен состанок на кризниот штаб на Скопје

Од Градот Скопје соопштија дека по невремето кое го зафати градот Скопје, градоначалничката Данела Арсовска свикала итен состанок на Кризниот штаб на Град Скопје.

Градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцински пак информираше дека службите на општината се на терен и се во комуникација со градските претпријатија за отстранување на проблемите кои настанаа по невремето.

„Во моментов од наша страна се детектираат најпогодените точки во општината и секаде каде што е забележана штета предизвикана од невремето, истата ќе биде посочено до надлежните градски претпријатија за нејзиното санирање во најкраток рок“, соопштија од општината Аеродром.

Центарот за управување со кризи работи на најкритичните точки

Од Центарот за управување со кризи пак, велат дека до нив постојано пристигаат дојави и пријави од разни локации на градот.

Од таму потсетуваат дека на телефонот 112 може да се пријавуваат паднати дрва, откорнати кровови, заглавени возила или поплавени простории, но апелираат дека граѓаните треба да имаат разбирање оти службите реагираат по приоритет.

„Центарот за управување со кризи, преку 112 се трансферираат повиците за итни случаи, конкретно за помош за граѓаните погодени од невремето, до надлежните институции и служби од Град Скопје и општините од Скопско. Нормално, прво се помага на загрозените луѓе и тоа по прироритет што го имаат како стандардна оперативна процедура професионалците од ангажираните институции и служби од системот за управување со кризи, а потоа и ќе се сумираат штетите“, велат од ЦУК.

Екипите на центарот моментално работат на најкритичните точки на терен , а потоа ќе следи проценка на штетите.

Освен Скопје, од невреме попладнево се зафатени и Штип, Велес, Демир Хисар, Свети Николе.

УХМР најави дека нестабилното време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе се задржи до петок, особено во попладенвните часови.

Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер и услови за појава на град.

  • 16x9 Image

    Ивана Стојкова

    Новинарската кариера ја започна во 2015 година во Канал 5 телевизија како репортер во информативната програма. Родена е на 15.03.1992 година во Скопје. Од јануари 2022 година работи како соработник на Радио Слободна Европа од Скопје.

​
XS
SM
MD
LG