Достапни линкови

Црвени елеци на терен, а избори нема

Лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски на прес-конференција ја најавува теренската активност

СДСМ „Рамо до рамо“ до граѓаните. ДУИ под слоганот „Заедно за Европа“. Владејачките коалициони партнери се растрчаа на терен, иако парламентарните избори се закажани за наредната година. ВМРО-ДПМНЕ велат цело време се во кампања, а минатиот месец излегоа и со слоган „Заедно со народот“.

„Јас три месеци дома не одам. Три месеци ќе одам таму кај што ќе ми каже генералниот секретар и неговиот тим определиле дека треба да се оди. Ќе ги посетиме сите населени места“.

Ковачевски: Ќе ги посетиме сите населени места
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:20 0:00

Ова го порача лидерот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски од Велес, неговата првата станица од серијата на теренски активности на владејачката партија под слоганот „Рамо до рамо до победа“.

Граѓанските трибини „Силно и одлучно кон иднината“ на СДСМ од минатата година за засилено присуство меѓу граѓаните, сега добија надградена верзија. Униформирани во црвени елеци и испишани со новиот слоган претставници на партијата ќе посетат 946 населени места ширум земјата.

Иако парламентарните избори се закажани за догодина, политичките партии тврдат дека извршуваат теренски активности и дека не се работи за кампања во лов на гласачи.

Комуникологот Сеад Џигал смета дека не е јасен контекстот зад идејата на активностите, кои имаат за цел консултации со граѓаните, бидејќи се сигнализира дека се можни предвремени избори.

„Проблематичен е аспектот на недоволна транспарентност и партиите мора да водат сметка дека не е во ред граѓаните да бидат постојано под некаков притисок на постојани политички кампањи“, смета Џигал.

Да се слушне гласот на граѓаните

Идејата на теренската активност, како што најави Ковачевски е да дадат отчет за сработеното, но да кажат што следува во наредниот период, а воедно и да разговараат со граѓаните и да го слушнат нивниот глас за се она што им е важно.

СДСМ од Дабиле до Карпош

Стартот на „Рамо до рамо...“ во Скопје
1/20 Стартот на „Рамо до рамо...“ во Скопје
СДСМ ја почна, како што велат од партијата, теренската активност „Рамо до рамо до победа“. Партиското раководство и истакнатите членови, до сега, ги посетија Струмица, Велес, Охрид, Дебар, Карпош, Берово, Пехчево, Брвеница, Дабиле, Ново Село...
Покажи повеќе Show less
Димитар Ковачевски и Фатмир Битиќи со сопартијците на стартот на „Рамо до рамо...“ во Скопје
2/20 Димитар Ковачевски и Фатмир Битиќи со сопартијците на стартот на „Рамо до рамо...“ во Скопје
СДСМ ја почна, како што велат од партијата, теренската активност „Рамо до рамо до победа“. Партиското раководство и истакнатите членови, до сега, ги посетија Струмица, Велес, Охрид, Дебар, Карпош, Берово, Пехчево, Брвеница, Дабиле, Ново Село...
Покажи повеќе Show less
Партискиот секретар Миле Зечевиќ со сопартијците на стартот на „Рамо до рамо...“ во Скопје
3/20 Партискиот секретар Миле Зечевиќ со сопартијците на стартот на „Рамо до рамо...“ во Скопје
СДСМ ја почна, како што велат од партијата, теренската активност „Рамо до рамо до победа“. Партиското раководство и истакнатите членови, до сега, ги посетија Струмица, Велес, Охрид, Дебар, Карпош, Берово, Пехчево, Брвеница, Дабиле, Ново Село...
Покажи повеќе Show less
Богданка Кузеска со струмичани
4/20 Богданка Кузеска со струмичани
СДСМ ја почна, како што велат од партијата, теренската активност „Рамо до рамо до победа“. Партиското раководство и истакнатите членови, до сега, ги посетија Струмица, Велес, Охрид, Дебар, Карпош, Берово, Пехчево, Брвеница, Дабиле, Ново Село...
Покажи повеќе Show less
Прошетка покрај Охридското езеро во Охрид
5/20 Прошетка покрај Охридското езеро во Охрид
СДСМ ја почна, како што велат од партијата, теренската активност „Рамо до рамо до победа“. Партиското раководство и истакнатите членови, до сега, ги посетија Струмица, Велес, Охрид, Дебар, Карпош, Берово, Пехчево, Брвеница, Дабиле, Ново Село...
Покажи повеќе Show less
Димитар Ковачевски во скопски Карпош
6/20 Димитар Ковачевски во скопски Карпош
СДСМ ја почна, како што велат од партијата, теренската активност „Рамо до рамо до победа“. Партиското раководство и истакнатите членови, до сега, ги посетија Струмица, Велес, Охрид, Дебар, Карпош, Берово, Пехчево, Брвеница, Дабиле, Ново Село...
Покажи повеќе Show less
Со локалните функционери во Велес
7/20 Со локалните функционери во Велес
СДСМ ја почна, како што велат од партијата, теренската активност „Рамо до рамо до победа“. Партиското раководство и истакнатите членови, до сега, ги посетија Струмица, Велес, Охрид, Дебар, Карпош, Берово, Пехчево, Брвеница, Дабиле, Ново Село...
Покажи повеќе Show less
Селфи со лидерот во Велес
8/20 Селфи со лидерот во Велес
СДСМ ја почна, како што велат од партијата, теренската активност „Рамо до рамо до победа“. Партиското раководство и истакнатите членови, до сега, ги посетија Струмица, Велес, Охрид, Дебар, Карпош, Берово, Пехчево, Брвеница, Дабиле, Ново Село...
Покажи повеќе Show less
Средба во скопско Сопиште
9/20 Средба во скопско Сопиште
СДСМ ја почна, како што велат од партијата, теренската активност „Рамо до рамо до победа“. Партиското раководство и истакнатите членови, до сега, ги посетија Струмица, Велес, Охрид, Дебар, Карпош, Берово, Пехчево, Брвеница, Дабиле, Ново Село...
Покажи повеќе Show less
Трибина со жители на Дабиле
10/20 Трибина со жители на Дабиле
СДСМ ја почна, како што велат од партијата, теренската активност „Рамо до рамо до победа“. Партиското раководство и истакнатите членови, до сега, ги посетија Струмица, Велес, Охрид, Дебар, Карпош, Берово, Пехчево, Брвеница, Дабиле, Ново Село...
Покажи повеќе Show less
Собир во струмичко Ново Село
11/20 Собир во струмичко Ново Село
СДСМ ја почна, како што велат од партијата, теренската активност „Рамо до рамо до победа“. Партиското раководство и истакнатите членови, до сега, ги посетија Струмица, Велес, Охрид, Дебар, Карпош, Берово, Пехчево, Брвеница, Дабиле, Ново Село...
Покажи повеќе Show less
Со граѓани од Валандово
12/20 Со граѓани од Валандово
СДСМ ја почна, како што велат од партијата, теренската активност „Рамо до рамо до победа“. Партиското раководство и истакнатите членови, до сега, ги посетија Струмица, Велес, Охрид, Дебар, Карпош, Берово, Пехчево, Брвеница, Дабиле, Ново Село...
Покажи повеќе Show less
Собир во Вевчани
13/20 Собир во Вевчани
СДСМ ја почна, како што велат од партијата, теренската активност „Рамо до рамо до победа“. Партиското раководство и истакнатите членови, до сега, ги посетија Струмица, Велес, Охрид, Дебар, Карпош, Берово, Пехчево, Брвеница, Дабиле, Ново Село...
Покажи повеќе Show less
Фатмир Битиќи со стружани
14/20 Фатмир Битиќи со стружани
СДСМ ја почна, како што велат од партијата, теренската активност „Рамо до рамо до победа“. Партиското раководство и истакнатите членови, до сега, ги посетија Струмица, Велес, Охрид, Дебар, Карпош, Берово, Пехчево, Брвеница, Дабиле, Ново Село...
Покажи повеќе Show less
СДСМ на средба со радовишани
15/20 СДСМ на средба со радовишани
СДСМ ја почна, како што велат од партијата, теренската активност „Рамо до рамо до победа“. Партиското раководство и истакнатите членови, до сега, ги посетија Струмица, Велес, Охрид, Дебар, Карпош, Берово, Пехчево, Брвеница, Дабиле, Ново Село...
Покажи повеќе Show less
Средба со граѓаните на Македонски Брод
16/20 Средба со граѓаните на Македонски Брод
СДСМ ја почна, како што велат од партијата, теренската активност „Рамо до рамо до победа“. Партиското раководство и истакнатите членови, до сега, ги посетија Струмица, Велес, Охрид, Дебар, Карпош, Берово, Пехчево, Брвеница, Дабиле, Ново Село...
Покажи повеќе Show less
Андреј Петров со сопартијците во Дебар
17/20 Андреј Петров со сопартијците во Дебар
СДСМ ја почна, како што велат од партијата, теренската активност „Рамо до рамо до победа“. Партиското раководство и истакнатите членови, до сега, ги посетија Струмица, Велес, Охрид, Дебар, Карпош, Берово, Пехчево, Брвеница, Дабиле, Ново Село...
Покажи повеќе Show less
Средба со жители на Пехчево
18/20 Средба со жители на Пехчево
СДСМ ја почна, како што велат од партијата, теренската активност „Рамо до рамо до победа“. Партиското раководство и истакнатите членови, до сега, ги посетија Струмица, Велес, Охрид, Дебар, Карпош, Берово, Пехчево, Брвеница, Дабиле, Ново Село...
Покажи повеќе Show less
Партиските активисти со жителите на Брвеница
19/20 Партиските активисти со жителите на Брвеница
СДСМ ја почна, како што велат од партијата, теренската активност „Рамо до рамо до победа“. Партиското раководство и истакнатите членови, до сега, ги посетија Струмица, Велес, Охрид, Дебар, Карпош, Берово, Пехчево, Брвеница, Дабиле, Ново Село...
Покажи повеќе Show less
Средба со беровчани
20/20 Средба со беровчани
СДСМ ја почна, како што велат од партијата, теренската активност „Рамо до рамо до победа“. Партиското раководство и истакнатите членови, до сега, ги посетија Струмица, Велес, Охрид, Дебар, Карпош, Берово, Пехчево, Брвеница, Дабиле, Ново Село...
Покажи повеќе Show less
Previous slide
Next slide

Од Велес се пофали за сработеното, што и претходно не пропушташе можност да го направи. Ковачевски рече и дека не му е мисија да се расправа за сите работи со опозицијата, иако упати критика до нив.

„Денес ми доаѓа еден пријател, кој што е од опозиција и ми вели локалните избори кога се. Му викам изборите локални се 2025 година. Имате уште две години. Отиде пола мандат што направивте. Што направивте“, рече премиерот од Велес.

Лидерот на СДСМ, Ковачевски на средба со граѓани во Велес

Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, минатиот месец започна акција „Заедно со народот“. Но, партијата е во постојана кампања ако се суди според зборовите на нејзиниот лидер Христијан Мицкоски.

Опозицијата 365 дена во кампања

ВМРО-ДПМНЕ е народна партија и кампањата и трае 365 дена во годината, изјави Мицкоски пред некој ден запрашан за теренските активности на СДСМ и не му остана должен на неговиот најголем политички ривал.

„Одговорот на народот на оваа кампања на СДСМ е- внимавајте криминалци шетаат по улиците, не им отворајте“, рече Мицкоски при поставувањето на камен темелникот за изградба на основно училиште во општина Гази Баба, чиј градоначалник е од редовите на партија.

Ниту најголемиот коалиционен партнер на СДСМ во Владата, ДУИ не мирува и под мотото „Заедно за Европа“ неодамна излезе на средби со граѓани во скопската населба Чаир.

И ДУИ “тренираат“

Министрите од најголемата партија од албанскиот блок која има најдолг стаж на власт отидоа и чекор подалеку, па видовме и дека канцеларијата не е место само за работа, туку и за спортски активности.

Кој од нив беше највешт со топката граѓаните можеа сами да пресудат од видеото објавено на социјалните мрежи, а со нивниот глас ќе треба да пресудат и кој ќе победи во натпреварот за власт на изборите.

Но, според комуникологот Џигал фокусот на владејачките партии сега е изместен од најавите за реформи, борба со економската криза и други предизвици на кампањи и мобилизација за избори и поголема присутност во јавноста.

„Ако се растегнат овие периоди на водење на кампањи и да станат произволни, односно кога сакаат партиите да ги прават, проблематични се, не само за дефокусирање на јавноста и граѓаните од важни економски и политички прашања, туку сега тие функционери наместо да бидат во канцелариите и да ги вршат своите должности треба да одат на терен да разговараат со граѓани“, додава Џигал.

Теренската активност „Рамо до рамо“ на СДСМ во Кочани.

Караванот на СДСМ иако од 5 април секојдневно патува од место до место се уште е далеку од исполнување на зацртана бројка на средби. Партијата освен што има што да каже, како што најави премиерот Ковачевски, не е познато што досега слушнала, бидејќи граѓаните фигурираат само на фотографија, но, не и на зборови.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

This item is part of
​
XS
SM
MD
LG