Амбасадорот на Албанија во Македонија, Арбен Чејку, денеска направи обиколка на Струга и струшко, а имаше средба и со претседателот на Општинската изборна комисија во Струга, Џенгис Хани. На средбата се разговарало за текот на изборниот процес во Струга, како и за атмосферата во која овие избори се одржуваат. Дописникот на Радио Слободна Европа јавува дека и косовскиот амбасадор Илбер Хиса денеска бил во струшко. Денеска во градот биле и повеќемина владини министри, меѓу кои шефот на дипломатијата Никола Попоски, министерот за земјоделие Љупчо Димовски, како и министерот за странски инвестиции Веле Самак.
Амбасадорите на Албанија и на Косово денеска во струшко
Средба на Амбасадорот на Албанија во Македонија Арбен Чејку со претседателот на Општинската изборна комисија на Струга Џенгис Хани.