Естонската разузнавачка служба денеска соопшти дека верува оти Русија сè уште има сила да изврши „веродостоен воен притисок“ врз балтичкиот регион и дека безбедносниот ризик во регионот е зголемен на среден и долг рок. „Воен напад против Естонија е малку веројатен во 2023 година, бидејќи руските воени капацитети се ангажирани во Украина“, се вели во годишниот извештај на естонската служба, во кој се додава: „Меѓутоа, на среден до долг рок, руските воинствени и надворешнополитички амбиции значително ги зголемија безбедносните ризици за Естонија“.
Видете и ова:
Москва: европските сили треба да им се спротивстават на „агресивните“ Полска и БалтикотЧленките на НАТО, Естонија, Летонија и Литванија нагло ги зголемија трошоците за одбрана како одговор на руското заземање на Крим во 2014 година и инвазијата врз Украина во минатата година.