Министерот Османи во дводневна посета на Молдавија

Бујар Османи

Претседавачот на ОБСЕ министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска и утре ќе биде во посета на Мисијата на ОБСЕ во Молдавија. За време на посетата, како што најавија од МНР, Османи ќе биде примен од претседателот на Република Молдавија, Маја Санду, а ќе има состанок и со неговиот домаќин заменик премиерот и министер за надворешни работи и европска интеграција на оваа земја Нику Попеску, како и со заменик претседателот на владата и министер за реинтеграција Олег Серебриан. Османи, најавено е, ќе има средби и со авторитетите на Транснистрија - Владимир Красноселски и нивниот главен преговарач Виталиј Игнатиев.

Видете и ова:

Премиерката на Молдавија си поднесе оставка

Посетата ќе се одвива во време на сложени внатрешно-политички состојби во земјата и после ненадејната оставка поднесена од премиерот на Молдавија Наталија Гаврилита, но и заради надворешното влијание предизвикано од последиците воената агресија на Руската Федерација врз Украина. Главна цел е да се поттикне процесот на посуштински преговори помеѓу Владата на Молдавија и авторитетите на Транснистрија за реализирање на договорената рамка од 8 области, но и да се даде целосна поддршка на работата на Мисијата на ОБСЕ во Молдавија која има клучна улога во одржувањето на политичкиот дијалог воден од страна на ОБСЕ во формат 5+2, како и за проектите кои се доменот на интеграцијата на државата и социо- економското заздравување на Молдавија, се наведува во соопштението од МНР.