Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на слаб локален дожд претежно во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.
Во Скопје максималната температура ќе достигне до 17 степени.
Видете и ова:
Лето 2022 - најжешко досега во Европа
За време на викендот ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец кој во сабота ќе биде поизразен во западните делови од земјата. Од недела времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.