Новиот чешки претседател Петр Павел и словачката претседателка Зузана Чапутова на 13 март потврдија пред новинарите во Братислава дека планираат заедно да отпатуваат во Украина во април.
Ова беше прво патување на новиот чешки претседател во странство откако положи заклетва на 9 март.
Од поделбата на Чехословачка пред 30 години, стана традиција лидерите на двете земји да ја прават својата прва и последна официјална посета меѓусебно за да го нагласат нивните континуирано блиски врски и покрај разделбата. Чешка и Словачка се меѓу најпосветените поддржувачи на Украина од почетокот на целосната руска инвазија.
Видете и ова:
Павел инаугуриран за претседател на ЧешкаПавел изјави дека во неделата телефонски разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој рече дека со него го договорил патувањето во април, но точен датум треба дополнително да се закаже.
Зеленски го потврди телефонскиот разговор со Павел на Твитер во неделата.
Чапутова ја посети Украина на крајот на мај 2022 година на покана на Зеленски. Покрај Киев, посети и два ослободени града кои беа тешко погодени од војната. Таа рече дека би сакала повторно да отпатува во Украина со Павел.