Учесниците на вонредната дебата во Европскиот парламент (ЕП) за односите меѓу Србија и Косово на 3 октомври го осудија нападот во селото Бањска на северот на Косово, кога маскирани вооружени лица убија косовски полицаец, а потоа тројца напаѓачи беа убиени за време на полициска акција.
Паскуал Наваро Риос, државниот секретар на Шпанија, во име на претседавачот со Европската Унија (ЕУ), побара целосно објаснување за целиот настан и изведување пред лицето на правдата на одговорните за овој напад.
Тој побара од двете страни да работат на деескалација и враќање на дијалогот за нормализација на односите.
Видете и ова:
Европскиот Парламент ќе расправа за нападот на северот на КосовоЕврокомесарот Јанез Ленарчиќ, кој ја претставуваше Европската Комисија на дебатата, нападот врз косовската полиција го нарече „терористички чин“.
„На 24 септември косовската полиција беше нападната од тешко вооружени лица среде огромна операција за шверц на оружје. Обемот на операцијата е без преседан. Количината на запленетото оружје е сериозна“, оцени Ленарчиќ на дебатата.
Тој истакна дека овој настан треба да ги алармира сите за сериозноста на ситуацијата на северот на Косово.
Ленарчиќ ја потврди и загриженоста на ЕУ за зајакнувањето на српското воено присуство долж границата со Косово. Тој побара од српските власти, вклучително и претседателот Александар Вучиќ, да соработуваат во истражниот процес и да работат на спречување на шверцот со оружје.
Ленарчиќ им порача на Косово и Србија да не го користат овој напад за да се откажат од дијалогот.