Девет лица загинаа во напад на рудник во Перу

(Фото архива) Полицијата и рудари за време на блокада во рудник во Перу, провинција Арекипа, 620 километри јужно од Лима на 5 април 2010 година.

Девет работници загинаа, а 23 се повредени во напад на рудник за злато во северниот дел на Перу, соопштија локалните власти.

Се наведува дека се уапсени седум напаѓачи.

„Група вооружени криминалци упаднаа во објектите на рударската компанија Подероса во провинцијата Патас и се судрија со стражарите“, соопштија перуанските власти.

Видете и ова:

Рудари загинале при пожар во рудник во Перу

Локалната полиција соопшти дека во таа прилика загинале седум чувари кои се обиделе да го одбијат нападот и двајца работници кога во галеријата на рудникот бил фрлен експлозив.

Се додава дека нападот траел десет часа и дека напаѓачите земале заложници кои подоцна ги ослободиле додека бегале.

Перуанските власти соопштија дека се верува дека напаѓачите се поврзани со нелегални рудници за злато, но дека немало кражба за време на нападот.