Азербејџанскиот министер за екологија Муктар Бабаев во саботата рече дека постои општ консензус дека Азербејџан треба да биде домаќин на самитот на Обединетите нации (ОН) за климата КОП29 следната година.
„Мило ми е што можам да објавам дека постои општ консензус за кандидатурата на Азербејџан да биде домаќин на КОП29“, рече тој на самитот КОП28 во Дубаи.
Земјите од источноевропскиот регион, кои треба да бидат домаќини на самитот следната година, не се договорија да бидат домаќини на следниот глобален собир за климатските промени.
Групата не потврди официјално во саботата дека нејзините земји-членки ја поддржале кандидатурата на Баку, но Бабаев рече дека се согласуваат.
Видете и ова:
Климатски самит во Дубаи-повик за решавање на прашањето со фосилните горива„Ние сме многу благодарни на сите земји, особено на источноевропската група и домаќините Обединетите Арапски Емирати за нивната поддршка“, рече тој.
Разговорите за местото на одржување на КОП29 беа прекинати откако Русија рече дека ќе стави вето на кандидатурата на секоја земја од ЕУ за домаќин. ЕУ ја санкционираше Москва поради нејзината инвазија на Украина.
Азербејџан не е членка на ЕУ. Доколку биде одобрена од регионалната група, на кандидатурата на Баку сè уште и треба официјално зелено светло од речиси 200 земји присутни на разговорите КОП28.