Трет украински камионџија почина на границата со Полска за време на блокадата

Украински камиони на паркинг до полско-украинскиот граничен премин Корчова претходно овој месец.

Украински возач на камион почина на полско-украинската граница на 16 декември откако му се слошило додека чекал во редицата создадена поради штрајкот и блокадата од страна на полските камионџии.

Ова е трет ваков случај откако почна блокадата на 6 ноември, објави јавниот радиодифузер „Сусплине“.

Полските камионџии ги блокираат главните гранични точки кон Украина во знак на револт поради олабавувањето на транспортните правила од страна на Европската унија за украинските возачи. Полските камионџии велат дека украинските колеги им ги намалуваат цените поради што трпат финансиски штети.

Видете и ова:

Новата полска влада на чело со Туск положи заклетва

Еден од граничните премини, Јаходин-Дорохуск, беше отворен за сообраќај оваа недела, но може повторно да биде блокиран откако судот пресуди дека полскиот градоначалник не може да им забрани на возачите да одржуваат протести на територијата на неговата општина.

Најверојатно, камионџиите ќе ја продолжат блокадата в понеделник.

Слични протести оваа недела организираа и возачи во Словачка, но тие ја завршија својата акција во петокот.