Таџикистанскиот опозициски активист Билол Курбоналиев, кој беше депортиран од Германија поради наводно прекршување на правилата за имиграција, е уапсен во Душанбе, соопшти неговото семејство на 22 декември.
Според нивната изјава тој е задржан во притвор на Државниот комитет за национална безбедност.
Видете и ова:
Киргистан и Таџикистан се договорија за уште неколку спорни сегменти за границатаТаџикистанските власти немаа коментар за апсењето на Курбоналиев. Курбоналиев кој е член на забранетата „Група 24“, беше меѓу таџикистанските демонстранти кои фрлаа јајца врз автомобилот на претседателот Емомали Рахмон за време на неговата посета на Берлин во септември.
Забранетата „Група 24“ изрази загриженост дека Курбоналиев ќе се соочи со тортура во Таџикистан, каде властите не толерираат несогласување.