Агресивен 77 годишен пациент нападнал вработен во болница со нож

Илустрација

Пациент прободел со нож вработен во Градската општа болница „8 Септември“. Инцидентот се случил синоќа, откако еден од вработените во болницата бил нападнат од пациент.

Од МВР велат дека 36 годишниот вработен бил прободен од агресивен пациент кој имал 77 години.

Според пријавеното, напаѓачот претходно во ходникот агресивно се однесувал и кон вработена во болницата. Причините за инцидентот засега не се откриени.

Видете и ова:

Над илјада здравствени работници ќе добијат работни договори на неопределено

Претходно минатиот месец беше нападнат доктор на државната клиника за Токсикологија.Напаѓачот дошол со своето малолетно дете на Клиниката и кога дежурниот доктор му кажал дека треба да го однесе детето на Педијатрија каде што исто така има токсиколог, тој почнал да го удира.

Сличен инцидент беше пријавен и во септември, кога млад пациент во градската болница „Св.Наум Охридски“ се обидел физички да нападне лекар кој бил на работното место, а оштетил едно работо биро и компјутер.