Европската унија (ЕУ) го додаде Јахја Синвар, лидер на Хамас, исламистичка милитантна група во Газа кој се смета за организатор на нападот врз Израел на 7 октомври, на својата листа на терористи, пренесе новинската агенција АФП.
По одлуката на ЕУ, Синвар ќе биде подложен на санкции, кои вклучуваат замрзнување на средства и имот во земјите - членки на ЕУ и забрана на европските организации да го финансираат.
Како што се наведува, таа одлука е „одговор на заканата од Хамас и бруталните терористички напади врз Израел“.
Видете и ова:
Франција воведе санкции за шефот на Хамас во ГазаИзраел верува дека Синвар се крие во тунел некаде во Кан Јунис, град на југот на Појасот Газа.
Во ноември, ЕУ ги замрзна средствата и имотот во Европа на Мохамед Деиф, лидерот на военото крило на Хамас и на неговиот заменик Марван Иса.
Хамас и военото крило на таа организација се на листата на терористички организации на ЕУ околу две децении.