Централната банка на Косово (ЦБК) пушти во употреба бесплатна телефонска линија преку која припадниците на српската заедница можат да добијат подетални информации за уредбата со која еврото е единствена валута за плаќање во готовина.
Како што се наведува во соопштението на Централната банка на Косово, отворена е бесплатна линија (0800 222 55) за Србите од Косово, кои треба да добијат точни и конкретни информации.
Оваа одлука доаѓа еден ден по седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации, на која премиерот на Косово, Албин Курти и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го искажаа својот став за оваа регулатива, која стапи на сила од 1 февруари.
Видете и ова:
Курти: Динарот не е забранет, само еврото е дозволеноСо неа, во пракса се укинува динарот кој досега циркулираше во областите каде што живеат Срби. Исто така, на Србите им се исплаќаат различни приходи во динари, плати, пензии и други бројни парични бенефиции од српскиот буџет.
На седницата на Советот за безбедност на ОН, премиерот Курти го бранеше указот на ЦБК дека е во согласност со законите и не е насочен против Србите, додека претседателот Вучиќ оцени дека целта на Владата на Косово е „протерување на српската популација".
Централната банка во своето соопштение повторува дека со уредбата не се забранува динарот, ниту се укинува можноста за примање средства на банкарски сметки во евра.
„Не забранува трансфери од ниту една земја. Не забранува поседување и штедење во која било валута освен еврото (вклучувајќи го и динарот)“, се наведува во соопштението.
Од друга страна, Народната банка на Србија одбива соработка за решавање на ова прашање и бара прашањето да се постави во рамките на политичкиот дијалог за нормализација на односите.
Видете и ова:
Стано: Косово ризикува да заостане на патот кон ЕУ поради едностраните дејстваМеѓународната заедница побара од Косово да го одложи спроведувањето на оваа регулатива со образложение дека може да има негативни последици за припадниците на српската заедница и дека може да ги зголеми етничките тензии.