Во своето прво обраќање откако беше назначен за шеф на вооружените сили на Украина, генерал-полковник Олександр Сирски рече дека земјата мора да ги промени и подобри методите на војување ако сака да се спротивстави на руската инвазија.
Во објавата на Телеграм, Сирски изјави дека е потребно „јасно и детално планирање на дејствијата на сите органи на воената управа“, а се осврна и на потребата од модерно оружје од западните партнери на Украина, објави сервисот Радио Слободна Европа на англиски јазик.
„Само промените и постојаното подобрување на средствата и методите на војување ќе овозможат успех на тој пат“, напиша тој во објавата на 9 февруари.
Тој додаде дека војувањето бара нови технички решенија, вклучувајќи системи за беспилотни летала и средства за радио-електронско војување.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски на 8 февруари го назначи Сирски, кој ја презеде функцијата за шеф на вооружените сили од Валери Залужни.
Видете и ова:
Промени во украинскиот воен врв - Сирски нов врховен командантПретходно денеска, Зеленски на Залужни му ја додели титулата „Херој на Украина“ на церемонија во Киев.
Сикорски успешно ја водеше одбраната на главниот град на Украина, што му ја донесе истата титула во септември 2023 година.
Промената на раководството на вооружените сили доаѓа во клучен момент за Украина, која од крајот на 2022 година не успеа да ја врати значајната територија претходно окупирана од Русија.
Киев сега се соочува и со потенцијално намалување на воената помош од САД, нивниот најголем поддржувач, бидејќи републиканските пратеници го блокираат пакетот помош од 60 милијарди долари поради барањата за длабоки промени во американската гранична политика.
Видете и ова:
Столтенберг: Суштински важно е САД да продолжи со поддршката за УкраинаСо оглед на тоа што руските сили се во офанзива преку линијата на фронтот и постепено навлегуваат во источниот град Авдивка, кој Москва се обидува да го освои веќе неколку месеци, Зеленски во февруари рече дека на армијата и треба „ресетирање“.
Сикирски (58) беше еден од главните команданти кои ја водеа борбата на украинските вооружени сили против офанзивата на сепаратистите поддржани од Русија, која започна во 2014 година веднаш откако Москва го анектираше украинскиот полуостров Крим.
Откако Русија ја започна својата инвазија на Украина во февруари 2022 година, Сирски водеше успешна контраофанзива на украинските вооружени сили за да ја врати контролата врз регионот Харков во септември истата година.
Анкетите претходно покажаа дека популарноста на Залужни во земјата е исто толку висока, ако не и поголема од онаа на Зеленски.
Некои експерти сугерираат дека ако Зеленски го отстрани Залужни, тоа ќе деморализира дел од украинските војници и ќе го поткопа националното единство.