„Стоп за извршителите“, „Зошто го донесовте законот, зошто го лажете народот“, „Не играјте пинг-понг со народот“, „Нема да гласаме ако не се спроведува законот“, беа дел од паролите со кои граѓаните поддржани од здруженијата „Човекот над профитот", „Но Пасаран“, КСОМ и ПЦЕР денеска (11 мрт) одржаа мирен протест пред Министерсвото за правда и побараа од извршителите да ги почитуваат измените од Законот за облигациони односи кои се однесуваат на застарувањето на долгови.
Тие поднесоа и писмени барања до министерот Кренар Лога, за примена на измените од Законот за облигациони односи. Тие сметаат дека не се применуваат измените во конкретниот закон од страната на извршителите, кои се однесуваат на застарувањето на долгови и покрај тоа што беа изгласани од Собранието и објавени во службен весник пред повеќе од седум месеци, како и покрај потврдата за уставноста на законот од Уставниот суд во јануари 2024 и одлуката на Законодавно правната комисија во Собранието дека не е потребно автентично толкување на законот.
„Уставниот суд застана на наша страна, Народниот правобранител застана на наша страна. Само вие, извршната власт, не сте на наша страна. Законот е дециден, 10 години од извршна исправа секаде во светот се застарува, па камо ли овде“, изјави Ана Глигорова од здружението „Човекот над профитот“.
Видете и ова:
Граѓаните до Народниот правобранител најмногу се жалат од судството и извршителитеОд здруженијата бараат во рок од осум дена овие барања да се процесираат и да им се нареди на извршителите предметите да почнат да застаруваат.
Самка Ибраимовски, претседател на политичката партија ПЦЕР, побара министерот за правда да го исполни ветувањето кое што им го дал, дека ќе постапува по одлуката на Уставен суд.
Тој посочи дека во овој момент има 220 илјади блокирани сметки.