Од 2025 година забранет пристап до социјалните мрежи за децата во Флорида помлади од 14 години

илустрација

Во американската сојузна држава Флорида, на децата помлади од 14 години од следната година ќе им биде забрането да се приклучуваат на социјалните мрежи.

Станува збор за закон потпишан од гувернерот Рон ДеСантис, кој им наредува на компаниите кои поседуваат социјални мрежи да ги избришат профилите на лица под 14 години, пишува Ројтерс.

На децата на возраст од 14 и 15 години ќе им треба родителска согласност пред да се најават на платформи како Истаграм и Снепчет.

Компаниите кои нема да ги избришат профилите ризикуваат да бидат тужени во име на децата.

Доколку се прекрши законот, компаниите би можеле да платат казна од 10 000 до 50 000 долари.

Видете и ова:

УНЕСКО повикува на глобална забрана за мобилните во училиштата

Новото законско решение се очекува да стапи на сила во јануари 2025 година.

Законот веќе предизвика бес кај компаниите на социјалните мрежи кои тврдат дека го прекршува Уставот на Соединетите Држави.

Минатиот март, Јута стана првата американска држава која донесе закони со кои се регулира пристапот на децата до социјалните мрежи, а потоа и други, вклучувајќи ги Арканзас, Луизијана, Охајо и Тексас.