Американското Министерство за финансии на 26 март санкционираше 11 лица и компании кои ги обвинува дека се вмешани во нелегални финансиски трансфери и трговија со дрога, обезбедувајќи поддршка на владата на сирискиот претседател Башар ал Асад.
Многу од санкционираните биле вклучени во трговија со амфетаминот Каптагон кој предизвикува голема зависност, со кој нелегално се тргува низ Блискиот Исток и Европа, се вели во соопштението на американското Министерство за финансии.
„Приходите од трговијата со Каптагон станаа главен извор на приход за режимот на Асад, сириските вооружени сили и паравоените сили“, се вели во соопштението на Министерството за финансии, пренесува АФП.
Видете и ова:
Ирански воен советник и член на СЗО загина во воздушни напади во СиријаМеѓу санкционираните е и сирискиот државјанин Тахер ал Кајали, кој наводно води компанија која купувала бродови за шверц на Каптагон и хашиш.
Компанијата „Maya Exchange“, со седиште во Сирија, наводно овозможила „милиони“ долари преку нелегални трансакции во корист на сириската влада.
„Режимот на Асад продолжува да користи различни шеми за да ги избегне санкциите и да ја одржи својата долгогодишна кампања на репресија против сопствените граѓани“, рече Брајан Нелсон, потсекретар за тероризам и финансиско разузнавање во Министерството за финансии.
Ова вклучува „шверц со дрога, искористување на размена на валута и користење навидум легитимни бизниси“, нагласи тој
Нелсон нагласи дека Соединетите Држави остануваат посветени на „одговорност на оние кои се обидуваат да ја поддржат оваа незаконска активност на штета на сирискиот народ“.