Шведскиот дипломат на Европската унија (ЕУ) и уште еден државјанин на Шведска, кои беа приведени во Иран, беа ослободени во замена за Иранец кој издржува доживотна казна затвор во Шведска, објави на 15 јуни шведскиот премиер Улф Кристерсон.
Хуан Флодерус, кој е во Иран од април 2022 година и се соочи со смртна казна поради обвиненија за шпионажа, и Саед Азизи, кој беше уапсен во ноември 2023 година, беа на лет за Шведска „и конечно ќе бидат обединети со своите роднини“, се вели во соопштението.
Објавата се совпадна со најавата на Иран дека Хамид Нури, поранешен ирански затворски службеник осуден на доживотен затвор во Шведска, е ослободен и наскоро ќе се врати во Исламската Република.
Кристерсон рече дека Иран ги направил Флодерус и Азизи „пиони во цинична преговарачка игра, со цел иранскиот државјанин Хамид Нури да биде ослободен од затвор во Шведска“.
Видете и ова:
Русија и Украина разменија 150 затвореници„Како премиер, имам посебна одговорност за безбедноста на шведските граѓани. Затоа Владата интензивно работи на ова прашање, заедно со шведската служба за безбедност, која преговараше со Иран“, рече тој.
Шведскиот премиер додаде дека „цело време било јасно дека операцијата ќе бара некои тешки одлуки“.
„Сега ги донесовме тие одлуки“, рече Кристерсон.
Нури, 62-годишен ирански поранешен затворски службеник, отслужува доживотна казна затвор во Шведска за неговата улога во масовните егзекуции во Иран во 1988 година.