Израелските сили можеби повеќе пати ги прекршиле основните принципи на законите за војна и не успеале да направат разлика меѓу цивилите и борците во нивната воена кампања во Појасот Газа, соопшти денеска (19 јуни) Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации (ОН).
Во извештајот во кој се прави проценка на шест израелски напади во кои имаше голем број жртви и беше уништена цивилна инфраструктура, од Канцеларијата на ОН наведуваат дека израелските сили „можеби систематски ги прекршиле принципите за разликување, пропорционалноста и мерките на претпазливост во нападот“.
„Се чини дека барањето да се изберат средства и методи на војување со кои се избегнува или барем се минимизира цивилната штета, постојано се прекршува во кампањата на бомбардирање од Израел“, рече високиот комесар на ОН за човекови права Фолкер Турк.
Видете и ова:
Израелските сили спасија четворица заложници киднапирани од Хамас пред осум месециВо воздушната и копнената офанзива на Израел во Газа загинале повеќе од 37.000 луѓе, според податоците на здравствените власти во Газа кои се под контрола на Хамас, група која САД и ЕУ ја прогласија за терористичка организација.
Израелските сили ја започнаа воената офанзива откако Хамас на 7 октомври изврши напад во јужниот дел на Израел убивајќи речиси 1.200 лица и земајќи како заложници околу 250 луѓе.
Минатата недела, Канцеларијата за човекови права на ОН рече дека убивањето на цивили за време на операцијата на Израел за ослободување на четворицата заложници може да претставува воено злосторство, но и дека воено злосторство може да биде и киднапирањето цивили од страна на Хамас.