Католичкиот свештеник Анџеј Јухневич во Белорусија е задржан во затвор, иако овој викенд требаше да биде ослободен, откако ја отслужи затворската казна од 45 дена. Тој беше осуден за „прекршување на прописите“.Наместо да биде ослободен, неговата затворска казна е продолжена од неутврдени причини до 2 јули.
Обвинението против свештеникот произлезе по неговата објава на фотографија на социјалната мрежа Фејсбук, на која се гледа како држи украинско национално знаме и историското знаме на Белорусија.
Видете и ова:
Нуклеарните сили продолжуваат да ги модернизираат своите арсенали, се вели во нов извештајБело-црвено-белото знаме се користеше краткотрајно во период од 19918 до 1920 година за време на Белоруска Демократска Република, и истото беше вратено во употреба по распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година.
Во 1995 година, авторитарниот владетел на Белорусија, Александар Лукашенко, го замени историското знаме со слично на тоа што се користело во советската ера.