Топло време за продолжениот викенд со можност за нестабилност

Топол сончев ден, архивска фотографија

Денеска не очекува сончево и многу топло време, а попладне со мала до умерена облачност. Во северните делови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме, најавуваат метеоролозите.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.

Видете и ова:

Светска банка: Западен Балкан да вложи 37 милијарди долари за ублажување на климатските промени


Во Скопје сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Во вечерните часови во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 39 степени.

Според УХМР, во текот на продолжениот викенд ќе се задржи топлото време со можност за попладневна нестабилност. Особено во сабота во попладневните и вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град.