Вршителот на должноста премиер на авганистанските талибанци, Мула Мохамад Хасан Ахунд, кој е на списокот на санкции на ОН, е на медицински третман во болница во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), соопштија официјални лица на ОАЕ.
Видете и ова:
УНЕСКО: На најмалку 1,4 милиони авганистански девојчиња им е забрането да одат на училиштеПретседателот Мухамед бин Зајед ал Нахјан го посети талибанскиот лидер „да се распраша за неговото здравје“, соопшти портпаролката на Министерството за надворешни работи на ОАЕ на социјалните мрежи, без да наведе повеќе детали.
Ахунд не присуствуваше на талибанските церемонии во Кабул на 14 август, што ја одбележаа третата годишнина од враќањето на групата на власт во Авганистан.