Русија втор ден по ред врши големи напади врз Украина

Кривиј Рих

Руските изутрината на 27 август извршија нов напад врз Украина, при што имало загинати и била предизвикана материјална штета, соопштија украинските власти. Ова е втор ден ден по ред масовен руски напад во кој загинаа најмалку седум лица.

Украинските воздухопловни сили известија дека десетици беспилотни летала и проектили извшиле напади, при што е прогласена тревога за целосен воздушен напад врз Украина.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Британец загинал кога руски проектил погодил хотел

Во Кривиј Рих, во ракетен напад врз хотел загинаа најмалку две лица, а се смета дека има затрупани под урнатините, изјави на Телеграм началникот на областа Јевхен Ситниченко.

Извештаи за напади пристигнаа и од Киев, Житомир, Виниција, Хмелницки и други региони.