Хрватска ќе се залага за што подинамичен процес на пристапување на Северна Македонија кон Европската унија рече хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ по средбата со неговиот македонски колега Христијан Мицкоски кој е во прва официјална посета на Хрватска.
Тој додаде дека Хрватска останува подготвена да и помогне на Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската унија во кој во изминатите 20 години имаше многу неправди кон Северна Македонија.
„Темата која го оптеретува европскиот пат на Северна Македонија по наше мислење е неправедна кон македонскиот народ, македонскиот идентитет. Мислам дека толку остапки се направени од македонска страна што ретко кој народ и држава би прифатила да направи толку исчекори од своја страна за да го забрза својот пат кон членството во Европската унија, изјави Пленковиќ, додавајќи дека треба заеднички да се работи на тоа преговорите за пристапување на Северна Македонија кон ЕУ да започнат што поскоро.
Премиерот Мицкоски рече дека неправдата што ни е е нанесена во изминатите две и пол децении е голема и дека имаме направено отстапки како никој друг тргнувајќи од привремената рефренција на името на државата, преку менувањето на знамето и банкнотите, до промената на името на државата со Преспанскиот договор.
Видете и ова:
Бугарија му одговори на Мицкоски, преговарање за преземени обврски нема„Ние имаме многу внатрешни проблеми и тие ќе ги решаваме и тука не треба да има дилема, ќе работиме колку е потребно. Тоа што не зависи од нас е токму почетокот на преговори. Тоа за жал зависи и од други. Ние направивме доволно сега треба некој да ни ја поотвори врата за да можеме да влеземе во таа просторија за да почнеме да преговараме и да покажеме колку можеме, истакна Мицкоски.
На прес-коинференцијата тој рече дека ние се уште сме во еден вртлог во којшто нема извесен крај, иако желбата на македонските граѓани да бидат дел од семејството на Европската Унија е голема.
Двајцата премиери разговараа и за унапредување на билатерланата соработка на сите нивоа особено на економски план со оглед на тоа што постојат можности за унапредување иако трговската размена сега на годишно ниво е 300 милиони
Во тек е средбата на премиерот Мицкоски со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, а попладне, според агендата, премиерот ќе ја посети црквата „Св. Злата Мегленска“ каде ќе оствари средба со претставници на македонската дијаспора.