Двајца високи офицери на моќниот корпус на иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) се мртви при истекување гас во централната провинција Исфахан, објави регионалниот центар на ИРГЦ Сахиб ал Заман во соопштение на 29 август.
Уште 10 лица се пренесени во болница со повреди по инцидентот во работилницата на ИРГЦ вечерта на 28 август, се додава во соопштението, без да се прецизира дали експлозија или вдишување гас предизвикале смртни случаи и повреди.
Во соопштението се идентификувани двајцата офицери кои ги загубија животите како капетан Мојтаба Назари и потполковник Мухтар Моршиди.
Во соопштението не се наведени какви активности се одвивале во работилницата погодена од инцидентот и не се наведува нејзината прецизна локација, ниту пак регионот на провинцијата Исфахан каде се случил инцидентот.
Видете и ова:
Преговорите за прекин на огнот во Газа во Египет ќе продолжат на пониско нивоИзјавата дојде во услови на зголемени регионални тензии по атентатот на Исмаил Ханије на 31 јули во Техеран.
Иран го обвини Израел за убиство на Ханије, кој беше политички водач на радикалната исламистичка група Хамас, која беше прогласена за терористичка организација од САД и Европската унија.
Израел, кој е вклучен во војна со Хамас во Појасот Газа откако борците на Хамас упаднаа преку границата во јужниот дел на Израел на 7 октомври, убивајќи околу 1.200 луѓе и земајќи повеќе од 250 луѓе како заложници, не призна официјално дека стои зад нападот на Ханје.