Штрајк на просветните работници во Мостар, бараат повисоки плати

Босна и Херцеговина - Штрајк на просветните работници во Мостар, 4 септември 2024 година.

Образовните работници од Херцеговско-неретванскиот кантон (ХНК) во Босна и Херцеговина на 4 септември стапија во генерален штрајк, откако претходно неколку месеци бараа за 15 отсто повисоки плати.

По тој повод, во Мостар имаше протестна прошетка на просветните работници.

Ден претходно, на 3 септември, Владата на Хрватскиот национален сојуз соопшти дека на синдикатите, меѓу другото, им е понудена еднократна парична помош за буџетските корисници во износ од по околу 500 евра.

Според Владата, на просветните работници им била понудена пресметката на зголемените плати од 1 октомври во тековната година, наместо од првиот ден од 2025 година, како што беше првично предложено.

Видете и ова:

Наставниците во неизвесност за зголемување на платите, но не штрајкуваат

Претставниците на синдикатот, кој ги обединува вработените во основните и средните училишта во овој кантон, сметаат дека тој предлог е недоволен.

Наставата во Херцеговско-неретванскиот кантон наместо на 2 септември, треба да започне на 9 септември. Одлуката за одложување на почетокот на наставата ја донела претходно Владата на ХНК, „поради жештините“, како што тогаш беше соопштено.

Херцеговина-Неретва е еден од десетте кантони во ентитетот на Федерацијата на Босна и Херцеговина. Меѓу другото, образованието и здравството се под кантонална јурисдикција.

Во вториот ентитет, Република Српска, образованието и здравството се во надлежност на ентитетот.