Министерот за здравство Арбен Таравари денеска одговорајќи на новинарско прашање во врска со укинувањето на „балансерот“, рече дека е потребен Закон за правична застапеност. Тој напомена дека коалицијата Вреди веќе го подготвува законското решение, за како што најави, веќе следната недела ќе се одржи и јавна дебата.
„Вреди подготвува нов закон, кој што се надевам идната недела ќе биде во јавна дебата. Ќе бидеме в координација со партнерите во коалиција. Од сите страни е констатирано дека „балансерот“ не функционираше како што треба“, изјави Таравари.
Тој подвлече дека е потребен Закон за правична застапеност, не само за етничка категорија, туку за сите категории кои што се маргинализирани во општеството.
„Нам ни треба јавна дебата и синхронизација, бидејќи правичната застапеност е уставна категорија и секогаш кога нешто е уставна категорија, треба да постои и закон“, додаде Таравари.
Видете и ова:
Балансерот укинат, доаѓа нов Закон за правична застапеност„Балансерот“, алатка која се користеше при вработувањето во јавната администрација со цел да има соодветна и правична застапеност на етничките заедници, се укинува, одлучи на 9 октомври Уставниот суд на Северна Македонија.
Укинувањето на балансерот следува откако претходно на 18 септември, уставните судии одлучија да отворат предмет и привремено ја „замрзнаа“ употребата на балансерот додека да се донесе денешната конечна одлука.