Финските власти запленија дел од плажата во сопственост на руската држава, кој претходно дипломатите го користеа за рекреација, јавуваат медиумите во Финска.
Областа, која се наоѓа во близина на јужниот град Хагесбол, зафаќа 17 хектари земја и 3,5 хектари морски води.
Заплената беше извршена на 24 октомври од фински извршители кои работеа според пресудата за замрзнати руски имот издадена од Судот за меѓународна правда во Хаг.
Видете и ова:
Европски суд за правда со пресуда против УнгаријаВо поврзан случај, парче земја што му припаѓаше на рускиот центар за наука и култура беше конфискуван претходно по тужба од украинскиот енергетски гигант Нафтохаз, кој тврди дека загуби од 5 милијарди долари поврзани со нелегалната анексија на Крим од страна на Русија.
Руската амбасада во Финска на 28 октомври соопшти дека не добила официјално известување во врска со заплената. Кремљ изјави дека не ја признава јурисдикцијата на Судот за меѓународна правда во Хаг.