Руски товарен брод потона во Средоземното море

Бродот Урса Мајор во пристаништето Балтијск, на Балтичкото Море, јули 2022 година

Рускиот товарен брод Урса мајор потона во Средоземното Море меѓу Шпанија и Алжир, а двајца членови на екипажот се водат за исчезнати, соопшти Министерството за надворешни работи на Русија.

Бродот потонал по експлозија во машинската соба, а 14 од 16-те членови на екипажот биле спасени и донесени во Шпанија, соопшти Министерството.

„Бродот беше под санкции и, според украинските медиуми, наводно бил користен за транспорт на руско оружје и опрема од Сирија“, се вели во соопштението на руското министерство за социјалната мрежа X.