Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан треба да отпатува за Русија на 17 јануари, објавија државните медиуми во Иран и Русија на 26 декември.
Цитирајќи го иранскиот амбасадор во Москва Казем Џалали, иранската новинска агенција Тасним рече дека „претседателот ќе ја посети Русија на 17 јануари и за време на посетата ќе биде потпишан договор за соработка меѓу двете земји.“
Русија и Иран се под строги финансиски санкции наметнати од западните земји и во последно време ја зајакнаа билатералната соработка на многу фронтови.
Видете и ова:
Придобивки, ризици и ограничувања од конфликтот на Блискиот исток за воената РусијаЗападот го обвини Иран дека и обезбедува оружје на Русија за употреба против Украина, Техеран ги отфрли обвинувањата и покрај широката употреба на беспилотни летала од Иран во војната.