08:59
17.10.2021
Седми локални избори - за прв пат гласање со отпечаток од прст
Нa овие локални избори, седми по ред од независноста на државата, за првпат се користат апарати за отпечаток од прст. Вторпат се одржуваат избори во време на корона. Во првиот круг ќе бидат избрани сите Совети и оние кандидати за градоначалници кои добиле мнозинство гласови, доколку на изборите излегле една третина од избирачите. Целиот текст тука
09:27
17.10.2021
09:29
17.10.2021
Локални избори - како изгледа процесот на гласање?
На овие избори за прв пат се користи биометриската идентификација на гласачите, односно читачи на отпечатоци на прст.
09:32
17.10.2021
ФОТОГАЛЕРИЈА: Отворени избирачките места
Отворени избирачките места за Локалните избори 2021
1/13
Гласачките места беа отворени во 7 часот, граѓаните можат да гласаат до 19 часот
Покажи повеќе
Show less
3/13
ДИК увеува дека има стручни лица за отстранување на евентуални проблеми со машините за фингерпринт
Покажи повеќе
Show less
6/13
Овие избори се први со проверка на биометриски податоци на гласачите, односно со проверка преку земање на т.н. фингерпринт или отпечаток од прст
Покажи повеќе
Show less
8/13
За градоначалници на 80 општини плус Град Скопје се борат 299 кандидати, а поднесени се 572 советнички листи
Покажи повеќе
Show less
10/13
Избирачот може само еднаш да гласа. Гласањето се врши тајно, зад параван, а заокружувањето треба да биде со сино пенкало. Се гласа по строги анти-ковид протоколи
Покажи повеќе
Show less
11/13
За 1347 советници во локалните самоуправи се кандидирани 10.831 кандидати. Право на глас имаат над 1,8 милиони граѓани (1.824.864 лица)
Покажи повеќе
Show less
Previous slide
Next slide