Достапни линкови

Помпео пристигна во Охрид


Помпео пристигна во Охрид
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:43 0:00

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска дојде во посета на Македонија. На Охридскиот аеродром, тој беше пречекан од шефот на македонската дипломатија Никола Димитров и од американската амбасадорка Кејт Мери Брнс. Помпео денеска во Охрид се среќава со претседателот Стево Пендаровски и со премиерот Зоран Заев, како и со вицепремирот Бујар Османи и со министрите за надворешни работи и за одбрана, Никола Димитров и Радмила Шекеринска. За време на неговата турнеја низ Европа, Помпео првин ја посети Италија, потоа Ватикан, па Црна Гора, од каде што и дојде во Охрид, а турнејата ја завршува со посета на Грција. Помпео е првиот американски државен секретар која ја посетува земјата од 2001 година. Пред 18 години тогашниот американски државен секретат Колин Пауел ја посети Македонија во екот на воената криза.

Категории

​
XS
SM
MD
LG